Германија денеска поставува нов рекорд по бројот на новозаразени со коронавирус со 294.931 новозаразени, пишува порталот НоваС.
На 10 март во Германија за прв пат беше надмината бројката од 250.000 новозаразени.
Седумдневната инциденца, според Институтот Роберт Кох, достигнала 1651,4, што е исто така рекорд.
Во изминатите три дена, Германија постави рекорд по рекорд по инциденца. Во последните 24 часа починале 278 лица заразени со коронавирус.
Link: https://nova.rs/svet/rekordan-broj-novozarazenih-u-nemackoj/