На 29 март во арегнтискиот медиум „Cronica” во еден прилог кои беше објавен под наслов „ Уапсен маж за нелегално поседување оружје во расправија со еден Циган„ очигледна беше намерата на аргентинскиот новинар и тендециозно потенцираше дека се работи за „Цигани„.
Во самиот опис на прилогот го опиша настанот дека еден маж бил пријавен поради закана кон двајца Роми во врска со продаќба на автомобил.
Полицијата пристигнала во пријавениот кварт во градот Трелев во населбата Сармиенто.
Полицијата во таа акција заплениле наполнето огнено оружје и 15 куршуми од ист калибар.
Самиот новинар во описот акцентира дека бил уапсен „маж„ каде не е наведена неговата националност , додека од друга страна опишува дека ималрасправија со „Циган„. На овој натпис започнаа реакции од различни асоцијации и здруженија од ромскиот активизам во оваа земја. Каков епилог следува, сеуште не е познато.