Во Домот на занаетчии во Куманово продолжи караванот кои го организира Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија под покровителство на Владата На Република Северна Македонија, поповод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. На свечениот чин беа присутни Претседателот на Советот на општина Куманово Ивана Георгиевска, Државниот секретар во министерството за Правда Мухамед Точи. Ахмет Јашаровски од ДРОМ, Зоран Димов Координатор на Мрежата,, советници на градот Куманово и граѓани од градот Куманово.
Беше интонирана македонската и ромската химна, беа одржани поздравни говори како и во продолжение беше емитуван документарниот филм за историјата на Ромите „Небо, Точак, Земја„ во продукција на СП БТР. Самиот филм остави далбок впеќаток кај присутните. Истовремено и најмладите деца од кумановските основни училипта имаа своја мала приредба за значејнето на 8 Арил.
Караванот на Мрежата продолжува со своите активности и тоа во Делчево и главниот настан на 8 Април во Скопје во Владата на РС Македонија.