Ромите не се само Роми за 8-ми април, тие се Роми и утредента. Видовме изјави дека се ќе биде супер, но еве денеска, после четири дена Ромите веќе никој не ги спомнува. Дури нема ниту говор на омраза овие четири дена по меѓународниот ден на Ромите. Тоа е она што се вика бавен процес – изјави дека ќе има некаква стратегија, имплементација, вработување, изјави денеска во Утрински брифинг Дехран Муратов од ЦИВИЛ.
Кај нас се постои на хартија. Ние така функционираме. Сите Закони постојат на хартија. Имаме убави Закони, но кога ќе дојдат за имплементација тие како да се заташкуваат, не се имплементираат толку бргу.
Зошто е тоа така… Имавме стратегија за Ромите до 2021. Сега имаме нова стратегија, која што ќе трае неколку години. Она што е интересно е што ние правиме стратегии и тие кога ќе заврши таа стратегија тука се завршува. Не е потребна нова стратегија, тука истата треба да продолжи. Ако имаме стратегија за вдомување, за вработување, и ако тој проблем се заврши, ние веќе треба да бараме нивно внесување во системот, а не да ги оставиме на улица и да се снаоѓаат како знаат и умеат, бидејќи тие повторно ќе станат терет на државата, додава Муратов.
Youtube: