Медиумите во Шпанија објавија дека во средината на јули локална толпа ги нападнала жителите Роми во малиот град во Андалузија, Пеал де Бесеро (Јаен). Напаѓачите ограбиле и запалиле вкупно шест домови населени со Роми.
Околу 30 Роми мораа да ги напуштат своите домови поради погронот. Се вели дека смртта на 29-годишен газда на локален ноќен клуб го предизвикала ова насилство.
Според очевидци, сопственикот бил во расправија со четворица Роми, кои полицијата ги истражува. Двајца од неговите наводни напаѓачи се во притвор.
Апсењето на двајцата осомничени, сепак, не било доволно за пријателите на починатиот, кои следниот ден свикале демонстрации и го примениле принципот на колективна вина врз целата локална ромска заедница. Нападите врз ромските жители ги осуди пратеникот Исмаел Кортес (Унидас Подемос), кој го повика Министерството за внатрешни работи да ги заштити ромските семејства.
Youtube: