По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, под мотото „Обединети во слободата“, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните од 11:00 часот ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии
Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државава за својата верна публика, на Денот на независноста, 8 Септември, кај Школката во Градскиот парк во Скопје ќе ја изведе куклената претстава „Лакомата меца“. Претставата, која е лесно приспособлива за отворен простор, е една од оние што поради својата интерактивност со детската публика е долги години на репертоарот на Театарот. Режијата е на Дарин Петков, а играат: Владимир Лазовски, Катарина Илиевска-Силјановска и Ана Левајковиќ-Бошков.