Идната италијанска премиерка Џорџа Мелони како крајна десница за непријатели ги смета ЛГБТ лоби, Сорос и имиграцијата

По неделните парламентарни избори, сè поизвесно е дека Италија ќе ја добие првата жена на премиерската функција во својата историја. Се очекува Џорџа Мелони да ја предводи првата десничарска влада во Италија од Бенито Мусолини и Втората светска војна, откако нејзината националистичка партија Браќа на Италија, која има неофашистички корени, освои околу 26% гласови.

Четириесет и петгодишната римјанка имаше метеорски подем во партијата, која пред четири години освои само 4% гласови.

Мелони е на чело на Браќа на Италија од 2014. Оваа партија беше формирана пред една деценија за да ги пренесува духот и наследството на крајната десница во Италија, која влече корени од Италијанското социјално движење (МСИ), формирано на местото на Фашистичката партија.

„Јас сум жена, мајка, Италијанка, христијанка и тоа никој не може да ми го одземе“, изјави Мелони на еден митинг, додека ја водеше кампањата под стариот фашистички слоган „Бог, татковина и семејство“.

Како свои непријатели ги истакнува ЛГБТ лобито, Џорџ Сорос и масовната имиграција, при што се залага за воведување поморска блокада на Либија и го поддржуваше Владимир Путин до руската инвазија на Украина.

„Мелони не е опасност за демократијата, но е опасност за Европската Унија. Таа е на истата страна со Марин Ле Пен и Виктор Орбан и сака Европа на нации. Италија би можела да стане тројански коњ на Путин, кој преку неа би можел да ја ослабне Европа“, смета аналитичарот Џанлука Пасарела од универзитетот Сапиенца во Рим.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 184 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот