Објавен е конкурсот за доделување стипендии за студентите Роми

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година.

Од Министерството информираат дека со конкурсот се предвидени вкупно 135 стипендии за редовните студенти Роми..

 

  1. Услови за доделување студентска стипендија за студенти Роми

Право на стипендија имаат студентите запишани на студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните високообразовните установи во Република Северна Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:

1.Да се припадници на Ромската етничка заедница;

2.Да се државјани на Република Северна Македонија;

3.Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.

 

II.Критериуми

Стипендиите за студенти Роми ќе се доделат согласно следните критериуми:

  1. Постигнатиот среден успех на кандидатот од сите години од средното образование, за студентите кои се запишани во прва година на студии;
  2. Постигнатиот среден успех од сите претходни студиски години за студентите кои студираат во сите останати години;
  3. Да се редовни студенти на некој од јавните или приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година;
  4. Предност при селекција ќе имаат студентите Роми кои студираат на јавните или приватните факултети во Република Северна Македонија кои образуваат наставен кадар.

Студентите кои во студиската 2021/2022 година биле корисници на стипендија од Министерството за образование и наука, а не запишале нареден семестар или повисока студиска година, немаат право на стипендија во академската 2022/2023 година.

 

III.        Висина на стипендиите

Висината на стипендијата изнесува 5000 денари месечно за девет месеци во текот на една студиска година.

 

  1. Начин и рок за пријавување

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk од 24.11.2022 до 9.12.2022 година.  Потребните документи за аплицирање се следните:

 

  1. A)        За студенти запишани во прва студиска година потребни се следните документи:
  2. Потврда за редовен студент во студиската 2022/23;
  3. Скенирани оргинални свидетелства од сите 4 години од средно образование
  4. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  5. Трансакциска сметка на име на студентот.

 Б) За студентите од сите останати студиски години, потребни се следните документи:

  1. Потврда за редовен студент во студиската 2022/23;
  2. Скениран индекс;
  3. Уверение за положени испити;

9.Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

10.Трансакциска сметка на име на студентот.

 

Некомплетно пополнета апликација нема да се разгледува во процесот и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 379 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот