Анализа и реакција на Мрежата за системски решенија: Со буџет од само 100.000 евра за 2023, МТСП ќе дејствува со привремени вработувања на Ромите како дел од Стратегијата на Ромите 2020 – 2023

Како што ветивме Рома Тајмс ги објавува „скромните„ извештаи на дел од некои министерства кои треба да реализираат во делот на имплементација на Стратегијата на Ромите 2020 -2023. На овие извештаи реагира и Мрежата за системски и трајни решенија за Ромската заедница во РСМ. Мрежата своите реакции ги упатува кон креација на Буџетите и „скромните„ планирани и одвоени  средства за имплементација на дел од Стратегијата на Ромите.

Во претходниот текст во Рома Тајмс беа објавени Буџетите на Министерството за транспорт и Врски. Во тој контекст и се продолжува. Ви својот извештај од Мин. За труд и социјална полтика, во врска со Буџетот и реализираните активности, заклучок е дека тие се уште „поскромни„.

Во извештајот е наведено дека з во 2020 беа планирани 10.9 милиони денари да со ребалансот таа сума се „стопи„ на само 7.2 мил. денари. Во 2021 планирани беа 11,1 милиони , но со ребаланс тој буџет  се намали на 9,2 милиони, а во 2022 планирани и доделени беа околу 9.3 милиони денари.

Но болката е тоа што со буџетите доделени во 2020 и 2021 , завршната сметка не беше на високо ниво. Од планираните средства за 2020 реализирани беа само 45,1% од тие средства, а во 2021 реализирани се 63.7% од севкупно планираните средства. Мрежата за системски решенија го поставува прашањето. Во што се реализирани тие средства, и воедно останатиот дел од тие средства каде се пренаменети ? Дали во интерес на Ромската заедница или некаде на „трето место„?

Да биде уште полошо за 2023 година досега е планиран рекордно најмал Буџет за реализација на дел од Стратегијата за Ромите во полето на труд и социјална политика. Таа изнесува едвај 5.9 милиони денари или помалку од 100.000 евра. Како што наведуваат од МТСП тие средства во најголем дел ќе бидат реализирани и искористени за привремени вработувања и договори.

Мрежата во својата реакција наведува дека „Ромите во оваа 2023 година треба да очекуваат со овие 100.000 евра , инвазија од вработување на Ромската заедница во РСМ„

Анализата ќе продолжува наредните денови....

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 167 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот