Северна Македонија: Со простачко и расистичко однесување бугарскиот парламентарец и граѓанин ги навреди сите Роми

На одбележувањето на 151 годишнината од смртта на Гоце Делчев, не се пропушти, а да не се навреди Ромскиот заедница во Македонија. На видеото што се појави низ медиумите, јасно се гледа како бугарски граѓани и новинари на граничниот премин Деве Баир, со висок тон и недолични зборови се обраќаат кон припадниците на македонската полиција со зборовите: „Сакам да отидам на гробот на Гоце Делчев , а вие тука Цигани ми правите проблем да влезам„ беа зборовите на пратеникот од партијата Преродба, Ангел Георгиев

Овој недоличен начин со простачко и расистичко однесување од страна на пратеникот и дел од бугарските граѓани, е за секоја осуда, и не ги покажува воопшто цивилизациските вредности на  една држава која е дел од ЕУ.

Очигледно Ромите се споменувани само во лоша конотација, а во последно време тоа е се почесто. Со оглед на тоа дека во Македонија се иницира влез на Бугарите во уставот на Македонија, потребно е сега да се бара и јавна осуда на овој настан и ова однесување.

Но со оглед на настанот кој се случи на 4 февруари оваа година на граничниот премин Деве Баир, и освен информациите дека полицијата ја покажа својата присебност и професионалност, ниту една македонска институција па дури и медиуми не побараа јавна осуда и реакција за терминологијата која беше употребена од страна на бугарскиот пратеник.

Изгледа тоа е вообичаена практика и „минорен детал„ во  тој цивилизиран демократски свет кога се во  прашање Ромите.

Сеуште вирее феноменот навредувување на Ромите со ширење на национално – фашистичка омраза, за жал во XXI век.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 161 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот