Време е! За да не бидете заборавени во иднина, погледнете во минатото, реагирајте – Сега!

Согледувајќи ги состојбите во македонското општество во изминативе три децении, како и неговото функционирање, се поставува прашањето -  На кој пат се наоѓа нашата држава? Несомнено тоа се аспирациите се патот кон ЕУ.

Но на тој пат се наоѓаат и безброј препреки и барикади. Но вооедно се поставува и прашањето – Каде во сето ова е Ромската заедница во оваа држава? Предизвиците се безброј и не така наивни, а резултатите се да бидеме искрени – не многу ветувачки.

Затоа досега во последните три децении што на меѓународно , но и на национално ниво предложени се многу иницијативи за подобрување на состојбите со Ромската заеница во државата.

Да скратиме, резултатите од повеќе се поразителни. Некои минимален напредок има во некои општествени сфери, но недоволно за ештаблирање на Ромската заедница.

Затоа и од сето ова произлегува и инцијатива за Ромски политички дијалог како и Иницијатива за Ромска платформа.

И политичкиот дијалог како и платформата ќе се бараат форми и начин за општото добро како за државата така и за Ромската заедница во државата.

Само со заеднички сили и заедничка цел е начинот и формулата за напредок на заедницата.

Затоа и повик од страна на инцијаторите – Мрежата за системски и трајни решенија за интеграција на Ромската заедница во Р.С Македонија до сите кои и мислат добро како на државата така и на својата заедница да се приклучат и да дадат свои видувања, ставови, експертиза, мислења и искуства.

Таа инцијатива би била добро осмислена и направена доколку во неа како креатори би биле вклучени и инволвирани како ромскиот политички фактор, така и ромскиот невладин сектор, сите  ромски интелектуалци, образовани Роми, искусни ромски активисти, и луѓе од ромското секојдневие.

Ромскиот политички дијалог како и Иницијатива за Ромска платформа длабоко сме уверени дека со активна работа и учество како и поделени улоги би имала ефект, како во политичките одлуки на ниво на државата така и во спроведување и имплементација на програмски планови и цели кои се тесно поврзани со ромската заедница. Сите заедно, без суети и дискредитации може да се постигне прогрес.

Затоа што знаеме дека Ромската заедница на сегашното ниво е дојдена токму од тие суети и дискредитации. Тој начин на делување само го уназадува и успорува напредокот на заедницата на сите полиња.

Затоа и уште една повик од страна на Мрежата за системски и трајни решенија до сите ромскиот политички фактор, ромскиот невладин сектор, сите  ромски интелектуалци, образовани Роми, искусни ромски активисти, и луѓе од ромското секојдневие да бидете дел и активно да се вклучите во реализацијата за Ромскиот политички дијалог како и Иницијативата за Ромската платформа.

Време е! За да не бидете заборавени во иднина, погледнете во минатото, реагирајте – Сега!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 115 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот