Цивил медиа - Муратов: Живот вреден колку една бунда!

„Кој од вас ќе види некое зло, нека го спречи: прво со рацете, потоа со јазикот, а доколку не може да го спречи со рацете и јазикот, тогаш нека го осуди со срцето“, рекол пророкот Мухамед а.с., пред многу години!

Во изминатиот период руска пропаганда силно ја злоупотребуваше религијата за оправдување на војната во Украина, меѓутоа горенаведениот цитат е потврда дека религијата не повикува на зло, туку напротив повикува на соживот, мир, толеранција…

Денес, сме сведоци на зло, крвопролевање, силување, терор, неправда, разурнати домови, храмови, болници, училишта, градинки…, но и покрај тоа, за жал и во нашата држава има путинољупци кои го подржуваат, одобруваат или релативизираат тоа злосторство против човештвото.

Путинистите цело време ја релативизираат руската агресија со тоа што беа „загрижени“ „зошто не се зборува за Сирија, Палестина, Авганистан…“, истите тие кои беа против доаѓањето на авганистанските бегалци, и кои собираа потписи за некакви измислени бегалски кампови!

Пред сè нашата човечка обврска е да го спречиме злото на Путин без разлика на етничката, верската, професионалната или друга припадност.

Ние од оваа дистанца се спротивставуваме на путиновото зло со нашето најсилно оружје, а тоа е пишаниот збор, говорењето на вистината, разобличување на дезинформациите.

И покрај силната руската пропаганда, сепак сведоци сме на хероизмот на народот на Украина кои буквално со голи раце се спротивставуваат на тоа зло, жртвувајќи ги своите животи, само за да си ја зачуваат татковината, домот, достоинството и честта.

За разлика од украинските херои, животот на рубљолупците кои гинат во Украина вреди колку една бунда. Црните руски вдовици мораа дури и да се смејат пред камерите на руската пропагандна машинерија и да потврдат дека се задоволни од помоштта што им ја дава Путин. Колку е мизерно и поразително тоа животот да ти вреди колку едно парче облека!

Хероизмот на украинскиот народ потврдува дека слободата нема цена!

 

Link: https://civilmedia.mk/muratov-zhivot-vreden-kolku-edna-bunda/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 141 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот