Повик од страна на Мрежата за системски и трајни решенија до сите ромски партии, асоцијации, здруженија, интелектуалци, лобисти и граѓани да дадат свој став, коментар и сл. за иницијатива за Национална Ромска платформа

Имајќи ги во предвид досегашните мерки и политики на институциите на државата во однос на повеќедецениски наталожените проблеми од економски, социјален и културен карактер, очигледно е дека досегашните институционални напори и мерки не ја подобрија состојбата на ромската заедница во Македонија. Напротив, сиромаштијата, општествената маргинализираност и исклученост се зголемени, иако властите во Македонија имаат Стратегија за Интеграција на Ромите, и секако партнери од страна на ромските политички партии и неколку граѓански организации. Се повеќе се наметнуваат прашања, сомнежи и недоверба кон власта од страна на Ромите за искрената посветеност и одговорност на државните политики кон нас, затоа што во секоја прилика се кратат ионака скромните буџетски средства за имплементација на Стратегијата за Интеграција на Ромите. Се наметнува потребата за заедничко делување на ромските политички партии, организации, интелектуалци и лидери за да предложат начин и мерки за да се промени кон подобро сегашната состојба.

Мрежата за Застапување за Системски и Трајни Решенија за Интеграција на Ромската заедница во Македонија испраќа јавен повик до сите релевантни ромски партии, асоцијации, здруженија, интелектуалци, лидери, активисти и граѓани да се приклучат кон нашата иницијатива и дадат придонес во формирањето на Националната Платформа на Ромите од Македонија. Примарен фокус на Платформата е да ги здружиме и концентрираме нашите ромски капацитети со цел да придонесеме кон поефикасна реализација на Стратегија за Интеграција на Ромите и ги застапуваме интересите и правата на Ромите во Евроинтеграциските процеси.  Без заедничка Платформа, нашите барања се перцепираат како нелегитимни, нејасни и неконзистентни од страна на институциите, со парцијален карактер и интерес на одредени групи и организации на Ромите. 

Членките на Мрежата, следејќи ги националните и евроинтеграциски политики во Македонија, увидоа дека нема соодветна координација и финансиска поддршка за ромското прашање. Државните политики и евроинтеграциските процеси треба итно да се синхронизираат и буџетираат во овој финансиски циклус на ИПА 3, кој трае до 2027 година. Освен лошата координираност меѓу државните институции и ЕУ, се повеќе е јасно дека и двете страни се консултираат и користат нестручни и некомпетентни поединци при планирањето и програмирањето на државниот буџет и ИПА, така што целата одговорност останува во сопственост на институциите и ЕУ Делегацијата во Македонија.  Додатно, ромските политики не се буџетирани на среден и долг рок, туку само на годишно ниво, при што изостанува потребата за континуитет и оддржливост на превземените мерки. Планирањето и делувањето преку поедини проекти, меѓусебно неповрзани и ад-хок финансирани се главните фактори за застојот и уназадувањето на станардот на живеење кај Ромите, а додатно генерираат јавно мнение дека буџетот и ЕУ фондовите се лошо користени.

Секоја сугестија, секое мислење, став или предлог е добредојден и ценет, со важност и можност да се креира Ромската Платформа за заштита на правата и интересите на нашата заедница.

„Очекуваме голем одзив затоа што веруваме во зрелоста на нашите лидери и интелектуалци и нивното препознавање дека креирањето на самата Платформа ќе биде многу повлијателна и  поквалитетна . Вашите сугестии, ставови, предлози можете да ги испратите на е маил на Мрежата за системски и трајни решенија Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.„ се вели во повикот до сите страни.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 61 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот