Младите од Северна Македонија можат да аплицираат за бесплатни билети за патување низ Европа

Европската комисија објави повик за бесплатен билет за воз за патување низ Европа, на кој може да се пријават и младите од Северна Македонија.

Пријавите за учество во иницијативата Откријте ја ЕУ- Discover EU ќе траат до 29 март, а 35.000 избрани кандидати ќе добијат бесплатна пропусница, јави дописникот на МИА од Белград.

Поканата е отворена за млади луѓе родени од 1 јули 2004 година до 30 јуни 2005 година од земји-членки на ЕУ и земји вклучени во програмата Еразмус +, како што се Србија, Северна Македонија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Турција, објави Комисијата.

Заинтересираните треба да се пријават преку Европскиот портал за млади, да одговорат на пет прашања од квиз за ЕУ и други младински иницијативи на ЕУ и уште едно дополнително прашање.

Избраните кандидати ќе можат да патуваат во Европа најмногу 30 дена, во периодот од 15 јуни 2023 година до 30 септември 2024 година.

-Овогодинешните учесници ќе можат да ја откријат новата рута на европскиот Баухаус, лансиран во јануари 2023 година, чија цел е да ги инспирира младите во изборот на нивните дестинации и да ја подигне свеста за важноста од заедничко создавање на „убава, одржлива Европа“, се вели во соопштението на ЕК.

Учесниците, исто така, ќе можат да ги искористат предностите на иницијативите започнати во текот на 2022 година, Европската година на младите, како што е Културната рута на иницијативата „Откријте ја ЕУ“, која комбинира различни дестинации и културни гранки, вклучувајќи архитектура, музика, ликовни уметности, театар, модата и дизајнот.

Добитниците на пропусницата ќе можат да ги посетат европските престолнини на културата, места кои се на списокот на светско наследство на УНЕСКО, локации со ознака за европско наследство или места кои добиле награди за пристапност на градот.

Тие, исто така, ќе можат да користат картичка за попуст со повеќе од 40.000 попусти за јавен превоз, културни и спортски настани, сместување, храна и други услуги достапни во земјите што ги исполнуваат условите.

Националните агенции за програмата Еразмус+ ќе имаат информативни состаноци со избраните кандидати за да ги подготват за патувањето, а лицата со попреченост или здравствени проблеми ќе добијат дополнителна поддршка и придружба за време на патувањето.

Иницијативата Откријте ја ЕУ беше лансирана во јуни 2018 година и е вклучена во новата програма Еразмус за периодот 2021-2027 година.

Од 2018 година, 212.700 луѓе добиле патни карти, а се пријавиле речиси 916.000 апликанти. Според најновото истражување по патувањето, 72 отсто од апликантите рекле дека тоа им е прв пат да патуваат со воз надвор од нивната земја, а за многумина тоа е прво патување без родители или други возрасни лица.

Патувањето им помогна на повеќето од учесниците да станат понезависни, да се запознаат со другите култури и европската историја, како и да го подобрат своето познавање на странски јазик, се вели во соопштението. 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 61 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот