Р.Северна Македонија: Минимум 1.000 евра за да се преживее до 1-ви

На едно македонско семејство му требаат минимум околу 1.000 евра за да може да го преживее месецот, а доколку нема сопствен дом и плаќа кирија, тогаш не му стасуваат ниту 73 илјади денари за да ги подмири основните трошоци.

Јазот меѓу приходите и потребите на граѓаните е драстично зголемен во изминатите 14 години, но најдраматичен е растот во последните две години. Во јануари 2022 година потрошувачката кошничка изнесувала 35.811 денари. Во јануари 2024 година таа надминала 57 илјади денари. Тоа е раст на цените од речиси 60 проценти за 24 месеци. Притоа, треба да се напомене дека структурата на кошницата е сменета од декември 2023 година, а во ревидираната се внесени нови трошоци кои не биле дел од претходните. 

Ако се има предвид дека во ноември 2023 година, според последните пресметки на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 38.359 денари, тогаш на едно четиричлено семејство, со само еден вработен, му недостигаат над 19 илјади денари за да може да преживее.

Минималните трошоци од над 73 илјади денари за семејство кое живее по кирија можат да се подмират само под услов да работат двајца во семејството и да земаат плата од околу 36 илјади денари. Со оглед на тоа дека минималната плата во државата е 20.175 денари, пари стигнуваат само за храна и режиски трошоци и ретко останува некој денар за да се подмират другите потреби. 

За споредба, во декември 2010 година, кога Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за првпат објави податоци за синдикалната кошница, таа тежела 29.199 денари, а декемвриската просечна нето-плата била 21.454 денари. Разликата меѓу кошницата и просечната плата пред 14 години била 7.745 денари. 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 116 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот