Скопје се сеќава: Пред точно 60 години градот беше погоден од разорниот земјотрес

На денешен ден – 26 јули во 1963 скопјани го разбуди најголемата природна катастрофа што го снашла градот. Во 5:17 часот се затресе тлото под Скопје со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала.

Земјотресот зад себе остави урнатини, одзеде 1 070 животи, а околу 3 000 лица беа повредени. Над 200 000 жители останаа без покрив над главата. Но, го претвори Скопје и во град на солидарноста – хуманитарна помош за обновување на градот пристигаше од сите страни.

И Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. На 23 септември 1963 година, 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. Подоцна, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

На 14 октомври, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје, во која се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје.

Денеска 60-годишнината од земјотресот во главниот град ќе биде одбележана со низа активности на повеќе локации низ Скопје, а во продолжение издвојуваме некоолку фотографии од 26 јули 1963 година.

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 106 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот