Зоран Димов Колумна: Директориум ќе има, ама некој сака да го кочи!!??

Почитувани читатели, од денес па понатаму во континуитет ќе го имам задоволството да споделувам со Вас мои размислувања, анализи, ставови и гледишта.
Но да прејдам на самата поента. Сите знаеме дека фокусот на вниманието во целата јавност е насочено кон Пандемијата со Ковид 19 еден од најголемите глбални проблеми, а ако лоцираме и според регионот, конкретно во нашата држава покрај Пандемијата еден од најголемите фокуси е даден кон почетокот за препораки да започнат преговорите за влез во ЕУ на Република Северна Македонија. Овдешната јавност е фокусирана на актуелните блокади за старт на преговорите и даденото вето од страна на Република Бугарија.
Токму тие случувања некако во „сенка„ ги ставаат и некои моменти поврзани со Ромската заедница од нашата држава. Пред се се мисли на некој потези направени од страна на актуелната Влада на Р.С Македонија и позицирањетео на функциите (читај министери, зам.министери, и други позиции). Очигледно е дека по наименување на тие позиции Ромската заедница во смисла на зборот беше „заборавена„ затоа што токму на тие позиции нема наименувано ниту еден Ром .
Тој момент наиде на разочарување и разно – разни коментари од страна на Ромската заедница во државата. Но тоа само предизвика само разочарување – и ништо повеќе.
Но потребно е да се постави и едно реторичко прашање :„Кој е виновен за оваквата состојба?„ Дали е виновна власта или ромскиот политички блок кој е во коалиција со актуелната власт? Коментарите се следни: „Ромскиот синдром на неединство и застапување на лични интереси„ во моментот е победник. За разлика од некои други заедници кој живеат на оваа територија и без разлика на различни политички погледи и ставови, кога се работи за „националниот интерес„ меѓусебните недоразбирања се забораваат само во име на националнисте интереси.
А кај нас Ромите е обратно, и само затоа што секогаш сакаме да победи личниот интерес.
Пример е новоназначената позиција –функција во Владата – Директирум! Претходно оваа позиција беше назначена како „Министер без ресор„ каде во сите минати години таа позиција беше застапувана од партиски претставник – кадар од таа ромска политичка опција која е во коалиција со победничката коалиција и составувач на Владата.
Но сега со преименување на оваа позиција сега за сега сеуште нема никој, затоа што според новите законски одредби треба да се направат некој промени затоа што сега таа позиција ќе има и пошироки ингеренции. Тоа подразбира некој нови систематизации на работните места во неколку министерства (Социјала и труд, здравство, транспорт и врски, Култура, млади и спорт) каде досега имаа сектори кој имаше назначени раководители, кој ги водеа тие сектори а тесно поврзани со ромските прашања, кој треба да бидат сега под ингеренции на Директориумот
Но сепак паралелно со тој момент се водат и преговори и договори кој ќе ја завземе таа позиција. И наместо тоа да биде решено без поголем проблем, а тоа индиректно значи, таа позиција да ја превзеде кадар од политичка партија која е на власт (како во изминативе години), сега како да се одолговлекува тој процес намерно или не. Дали тоа одолговлекување се должи токму поради фактот дека некој сектори кој беа до сега во назначените министерства ќе се укинат. Дали тоа значи дека некој работни позиции од тие министерства кој долго време беа резервирани за едни те исти луѓе, сега може да останат без работен ангажман. Дали е тоа причината за таа – кочница и отпор?
Свесни сме дека огромни се предизвиците и проблемите со кој се соочува Ромската заедница во државата, и е потребно што поскоро да започне со активност тој директорум, додке афокусот на јавноста е насочен во друг правец (како што погоре наведов), ова прашање е некако ставен во некој втор или трет план.
Исто така прашање и до Владата, дали имаат во својот Буџет за 2021 одвоено средства и за овој Директориум и негово профункционирањем како и средства со кој ќе располага овој Директориум и ќе ги распределува според приоритетите и строго зацртани критериуми. Или можеби ќе чека нов Ребаланс во јануари догодина.
Можеби оваа Влада се надева и на некоја финансиска подршка од надвор за да може да полесно да се справи и да помине „полесно„ од финансиски аспект со Директориумот
Јас сум на мислење без разлика на се дека Директориумот до крајот на 2020 ќе биде официјализиран и ќе профункционира и ќе влезе во пакте како отчет на Владата за нејзината работа во привите 100 дена. Факт е дека поминаа веќе 3 месеци, сите министерства и заменици се поставени само Директориумот е сеуште „кочница„.
Каде се крие „отпорот„? Во државата, во секторите од некој министерства кој работат на активности поврзани со Ромите , а сега треба да бидат под ингеренции на новиот Директориум, или пак во некој надворешен фатор?
Колку и да се велеч работавам сепак наскоро треба да има разрешница. А кој ќе го води директориумот, е тоа е веќе друга приказна! За тоа –потоа!

Зоран Димов

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 445 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот