Колумна на Зоран Димов: Дали Ромите се на последно место како приоритет за вакцинирање против Ковид 19?

Со избувнувањето на панемијата КОВИД 19 ширум светот, покрај борбата против превенцијата од инфекции, еден од приоритетите беше да се најде и вакцината. Веќе на крајот на 2020 година, со производство на вакцини, започна подготовката за дистрибуција, како и плановите за нејзина реализација. Сепак не е се така мазно. И самата СЗО напомена дека и најразвиените земји не се најподготвени за нејзина планирана реализација. Пристапот не е секаде еднаков.

Според едно американско истражување, Афроамериканците и Латиноамериканците помалку се опфатени во вакцинирањето за разлика од белите Американци - се вели во анализата на Си-Ен-Ен, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Според анализата, вакцинирани се повеќе од 4% од белата популација, а само 1,9% од Афроамериканците и 1,8% од Латиноамериканците.

Оваа Корона криза открива и  колективна слабост и  нееднаков пристап до неа. Бидејќи многу земји страдаат економски од пандемијата, постои зголемена загриженост дека прво само богатите земји ќе имаат пристап до вакцината. А тоа едноставно според минатото и вкоренетите предрасуди ја очекува и ромската заедница во тие држави.

Агенцијата на ЕУ за основни права (FRA) подетално ја испита оваа реалност во 15 земји-членки на ЕУ, фокусирајќи се на образованието; вработување; сиромаштија; здравствена грижа; домување; и антициганизам. Тој исто така ги истакна напорите на граѓанското општество за решавање на различните предизвици што ги носи пандемијата Коронавирус. Во меѓувреме, ограничениот пристап до вода, електрична енергија и санитарни услови создава сериозни здравствени проблеми - влошени од различните бариери за пристап до здравствените услуги. Недостаток на основна инфраструктура е проблем за целите заедници. Оттука и мислењето дека Ромите  во овој период ќе бидат меѓу последните на списокот за вакцинирање. Во исто време, ромската заедница  „не се убедени“ дека ќе има еднаков пристап до неа. Затоа, мислењето во врска со вакцината и нејзината употреба е поделено меѓу Ромите.

Ова е наведено во наодите од некои спроведени анализи, тестови и теренски слики.

Оваа поделба е приближно еднаква секаде каде што се Ромите, без разлика дали се во поразвиените европски земји или во посиромашните.

Ова ги вклучува Ромите од источноевропскиот блок (Романија, Бугарија, Молдавија, Украина и Руската Федерација). Овој тренд е исто така меѓу Ромите од Западен Балкан (Албанија, Северна Македонија, Косово, Србија, БиХ, Црна Гора), како и оние Роми кои се наоѓаат во Западна и Централна Европа, па дури и на север.  Ова беше истакнато и во спроведената анализа направена и од Кризниот штаб на ИРУ, кој веќе е испратен и до европските институции и високи преставници на европска политика.

Причината за ваквиот полускептичен скептицизам кај Ромите за имунизација и доверба во вакцините се заснова и на фактот дека за време на пандемијата КОВИД 19, имаше застрашувачка ескалација на популистички и расистички гласови во многу европски земји со намера да се обвини ромската заедница што живее во ромските населби за оваа пандемија. Некои од овие мерки беа водени од расистички наратив кој ги претстави Ромите  како колективна закана за здравјето и безбедноста и предвидуваше мерки за карантин само за гемото на Ромите.

Оттука произлегува и мислењето дека кога ќе започнат вакцинациите, тие ќе започнат со спротивниот редослед. Ова би значело дека повеќето земји, гетото и ромските населби кои беа обвинети за ширење на болеста, нема да бидат на приоритетната листа за вакцинација, туку напротив, ќе бидат на дното на таа листа.

За да се спречи ширењето на КОВИД-19. во сите заедници, владините напори треба да бидат насочени кон информирање  за принципите на човекови права кои ги штитат најранливите, како на краток рок, така и пошироко. Потребно е сериозно и енергично справување со структурните, расни и социјални нееднаквости кои продолжуваат да ги изложуваат Ромите на поголеми здравствени ризици.

Затоа мои Роми бидете  подготвени и на овакви сценарија!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 466 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот