80 години од раѓањето на кралицата на Ромската музика Есма Реџеповска – Теодосиевска

Есма Реџепова Теодосиевска е родена на 8 август 1943 година во Скопје, Р.Северна Македонија.

Таа е светски позната пеачка со ромско потекл, која се стекна со титулата „Кралица на ромската музика„.

Во 2013 г. ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија

Есма беше петто од шесте деца на Ќанија и Ибраим Реџепови

. Таа својата музичка кариера ја започнала на своја 13 годишна возраст.

Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас, таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.

Есма Реџепова Теодсиевска сними и објави повеќе од 580 песни, меѓу кои и две платина и осум златни дискови. Имаше повеќе од 22.000 концерти, од кои една третина се одржаа за добротворни цели. Со Ансамблот Теодосиевски сними 108 синглови, 32 компактни касети, 15 дискови, шест видеокасети и бројни телевизиски емисии.

Почина на 11 декември 2016 и погребана е во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел, Скопје.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 117 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот