ИРУ и во Европскиот Парламент и во Обединетите Нации ќе ги презентира својата Стратешка резолуција и разработениот програм „Локал Акт -Глобал импакт„

Оваа година ИРУ ја започнува мошне успешно. За тоа потврда стигна и од Европскиот Парламент во Брисел како и од Обединетите Нации во Њујорк. Претходно тимот на ИРУ подготви Стартешка Резолуција како и разработен програм под името „Локален Акт -Глобален импакт„ кој ги испрати до сите релевантни меѓународни институции на разгледување за покана на нејзина презентации.
Тоа вроди со плод откако о Канцеларита на Претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани и потпреседателот Ливија Јарока стигна покана до Претседателот на ИРУ Зоран Димов, за негово учество на следниот состанок на ЕП кој ќе се одржи на 30 Јануари во Брисел, каде исто така ќе има и свечена церемонија за одбележување на Меѓународниот ден на Холокаустот. Истата покана се подготвува и од странана ОН, каде ИРУ има свој ЕЅОСОС статус, и за време на одбележување на Меѓународниот ден на Ромите -8-ми Април, да ја презентира и Стратешката резолуција и разработениот програм „Локален акт -глобален импакт„.

Инаку Стратешката резолуција на ИРУ во кратки црти го содржи следното:
Ние како претставници на Ромите се залагаме да го заштитиме ромското население и нашите идни генерации од сите негативни појави во минатото, во сегашноста и во иднина, во сите форми на дискриминација, говор на омраза, сегрегација, нетолеранција, насилство, геноцид , антиромско расположение и истовремено длабоко веруваме во почитување на човековите фундаментални права, еднаквоста меѓу сите родови, создавање на поволна клима за почитување на правата, почитување на основните демократски принципи на слобода и животниот стандард, како и елиминирање на сите неправилности, во соработка со меѓународните институции кои се обврзани за тоа.
Јас како претседател на Меѓународната унија на Ромите верувам дека не можеме да размислиме за иднината без да се вратиме во нашата историја и да ги признаеме нејзините вредности заедно со земјите каде што живеат Ромите и им помагаат со социо-економската политика и култура на Ромите.

Инаку во „Локал Акт -Глобал импакт„ има содржани важни точки како што се. Правниот, социоекономскиот, образовниот и културниот статус на Ромите во Европа за поголемо вклучување.

Правна цел: Подобрување на пристапот на ромските индивидуи на правна, социолошка и психолошка помош за подобрување на инклузијата во системот;
Социо -економска цел: Зголемување на стапката на вработеност на Ромите и поттикнување на вклучување на ромски претпријатија во сопственост и работење во системот;
Образовна цел: Заштита на ромскиот јазик, намалување на стапката на неписменост на Ромите и овозможување на образованието за возрасни за да се поттикне вработувањето;
Културна цел: Промовирање и заштита на ромската култура, традиција и обичаи како средство за одржување на ромскиот идентитет, овозможување на иден просперитет и искоренување на постојните стереотипи и предрасуди за постигнување на поголемо вклучување.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 71 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот