Во пресрет на 8 Април обраќање на Претседателот на ИРУ - Зоран Димов

Почитувани
 
Денес кога ја одбележуваме 48 годишнината од воспоставување на темелите на Ромскиот идентитет,  каде на 8 Април 1971 година во Лондон - Велика Британија се одржа Првиот Светски Ромски Конгрес, и воедно се донесоа одлуки на кој сите ние заедно сме горди дека постоиме како Роми, дека е официјализирано нашето ромско знаме и дека имаме наша химна „Џелем, Џелем„. Но истовремено и денес и по 48 години сеуште сме една од  најранливите заедници во светот, а тоа е  - Ромската заедница! 
 
Сите ние сме сведоци на се поголемиот замав на Анти ромското расположение, и големата нетрпеливост кон оваа заедница. Затоа  е потребно ние Интернационалната Ромска Унија -ИРУ како најстара и најголема организација која ја застапува оваа националност , да посочиме неколку важни елементи за елиминирање и запирање на овој негативен тренд
 
Потсетуваме  дека Европа и светот низ својата историја биле и сеуште се сведоци на порастот на расизмот, ксенофобијата и нетолеранцијата како  и кршење на основните човекови права токму кон Ромската заедница.
 
Затоа  ние како ИРУ сакаме да препорачаме неколку препораки до Обединетите Нации и европските институции и нејзините членки.
 
Тоа подразбира искажување на јасна политичка  волја за решавање на овие проблеми како и директна партиципација и на релевантниот ромски фактор, како што е Невладиниот ромски сектор, вклучувајќи ја тука и Интернационалната Ромска Унија -ИРУ
 
Проблемите кој се актуелни и видливи ги има од сите полиња (социјала, економија, здравство, домување, медиуми, вработување, религија. култура, традиција и др )
 
Затоа потребна е поголема меѓусебна доверба и соработка помеѓу Ромската заедница и институциите на системот без разлика дали се работи на интернационално, национално или пак на локално ниво.
Потребна е заедничка координација и реализација на сите квалитетни стратегии, резолуции, програми и планови без поголеми одлагања и скратувања. Тоа подразбира исто и одвојување на средства за нивна реализација и воедно на тој план директно вклучување и на ромскиот фактор , како и воедно поголем мониторинг врз реализација на тие активности и поголема отчетност за спроведеното и понесување на одговорност за неспроведените програми. 
 
Секое нивно пролонгирање, игнорирање и селектирање доведовуаат до ситуации кои се случувале и во минатото и во сегашноста чии сведоци сме сите ние (во последно време добро познати ни се таквите случувања во некој од европските држави како што се Италија,Франција, Бугарија, Украина, Унгарија, Словачка, и др)
 
Потребно е исто така превземање на мерки за охрабрување на Ромската заедница да ги пријавува таквите случаи, и формирање на тела за следење и спроведување на мерки
 
Затоа чувствуваме потреба ние како ИРУ токму да ја искажеме нашата определба кон решавање на овие проблеми.
Инаку ИРУ токму за ваквите состојби превзеде акции и има подготвено Резолуција на ИРУ, Оперативна Стратешка Програма на ИРУ, и кој се веќе поднесени до ОН и ЕУ, и се очекува нивно реализирање.
 
Да напоменеме дека ИРУ пред две години даде идеа за отварање на Канцеларија за  Народен Ромски Омбудсман  и заедно со ЕРТФ -European Roma and Travellers Forum со седиште во Стразбур, кои имаат  заедничка соработка и членство во Советот на Европа, на својот последен одржан состанок во Хелсинки,Финска од 25 -27 Март 2019 година се договорија и поднесоа заедничка иницијатива за спроведување токму на таа идеја за отварање на Канцеларија за Народен Ромски Омбудсман со седиште во Стразбур , чија задача ќе биде следење и помагање на Ромската заедница во решавање на ромските прашања.
 
И на самиот крај со фактот дека се наближува периодот на Избор на Пратеници во Европскиот Парламент , ИРУ упатува јавна подршка и апел до сите идни кандидати за Европски пратеници, дека несебично ќе ги подржува, ќе ги мотивира и охрабрува сите кандидати кои во своите програми и агенди на делување ќе ги имаат за спроведување и реализација токму на овие битни точки , а то значи борба против расизмот, ксенофобијата, нетолеранцијата и дискриминацијата. Тука ИРУ ќе стои со сиот свој капацитет, кредибилитет и сето свое членство за безрезервна подршка при нивниот избор, и истовремено ќе стои на располагање во понатамошна реализација на сите заеднички зацртани планови и актовности.
 
Со почит
 
Зоран Димов
Претседател на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 261 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот