Активностите на Ашмет Елезовски и Зоран Димов во рамките на Национален акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година се за пофалба

Веќе подолго време НРЦ од Куманово и РДИЦМ се дел од Невладините организации од државата и учествуваат во подготовка на петтиот Национален акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година. Тие како дел од работните групи и нејзини членови веќе работат во повеќе приоритетни области кој потоа ги праќаат до Владата како предлози и идеи за Национален акциски план за Отворено владино партнерство. Пред се тие работат во активности како што се Транспарентност, отчетност, проактивност и инклузивност  Ашмет Елезовски како директор на НРЦ од Куманово, истовремено и Зоран Димов како Претседател на РДИЦМ заедно со уште над 30 други претставници на институции, граѓански организации и др. се мошне активни во своите предлози и идеи за подобра и поактивна комуникација со Владата и нејзините институции. Пред се ангажирани се во полето на Воспоставување на култура на отворена влада, транспарентност, отчетност и инклузивност - активностите би опфатиле дефинирање на правила на сите учесници во процесот, активности за промоција за поттикнување на учество на засегнати страни. Областите во кој учествуваат овие две ромски организации се мошне опсежни и широки. Активни се на работилниците и многу од предложени заложби се прифатени и земени во предвид. Меѓудругото како нивни напори се и недостаток на јасни критериуми и транспарентност и при вработување и при поставување лица на функции како и проблемот со постоење на невоедначени практики на вклучување на граѓанските организации во процесите на одлучување помеѓу институциите и помеѓу централно и локално ниво. Нормално нивното учество во работата на Национален акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година продолжува и понатаму.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 349 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот