Сакаат но неуспеваат да го „оцрнат„ ИРУ и нејзиниот претседател Зоран Димов

На неодамнешиот 11ти Состанок на Советот на Европа – Дијалог со Роми и Травелер Граѓански Здруженија кој беше одржан онлајн на 29-30 Април 2021 кој беше организиран од страна на Советот на Европа каде што учество зема и Претседателот на ИРУ, Г-дин Зоран Димов.

Но по завршеток на состанокот организацијата ЦЦД Врастири го обвини Зоран Димов за наводен „хомофобичен говор„ и наводно испратиле петиција до Советот на Европа за исклучување на ИРУ од идни состаноци и покани. Нормално ИРУ и Зоран Димов реагираа на оваа петиција (која патем не беше испратена како инфо ниту до ИРУ) до Советот на Европа како и реакција, по кој веднаш таа петтиција беше и повлечена од интернет страницата каде што беше испратена. (globalchange.org)

Во демантот и реакцијата на ИРУ и Зоран Димов до Советот на Европа и до медиумите стои следното:

 

Почитувани

Со огромно разочарување и неверување ја добив информацијата за реакцијата од страна на ЦЦД Врастири дека подготвува петиција до Советот на Европа поповод како што е наведено „ Хомофобичните изјави на г-дин Зоран Димов - претседател на Меѓународната ромска унија на 11-тиот дијалог со Ромите и граѓанското општество на патниците„ Чувствувам морална одговорност во името на ИРУ како нејзин Претседател и воедно како индивидуа – човек Ром да реагирам и да одговорам на обвинувањата од страна на ЦЦД Врастири кој според моја проценка се злонамерни и инсинуални.

На овој начин се прави најпрво дискредитација на најстарата интернационална ромска организација која е репрезентативна, и воедно дискредитација и оцрнување на мене и мојата личност, преставувајќи ме како хомофобичен. Факт е дека бев дел од 11-тиот дијалог со Ромите и граѓанското општество на патниците„ и имав свој говор каде меѓудругото беше разговарано и за ромската ЛГБТ заедница. Се надевам дека целиот настан има своја аудио и видео верзија како и транскрипт од конверзацијата и многу е добро да се проверат сите детали и деловите од мојот говор.

Говорев на ромски но колку беше верно преведена и адаптиран во преводот мојот говор не би знаел да кажам, но најодговорно тврдам дека во ниту еден момент не во мојот говор не изразив хомофобичен став.

Во мојот говор јас напоменав и тоа повеќе пати (нека се проверат снимките) дека ИРУ никогаш немал ништо против ЛГБТ заедницата и најмалку против ромската ЛГБТ заедница. Мојата интенција за време на мојот говор беше дека е многу подобро ЛГБТ ромската заедница да не биде дел од плановите, проектите, платформите и стратегиите кои се подготвуваат за Ромската заедница, туку да не биде двојно дискриминирани и да биде вметната (како посебен дел) во плановите, проектите, платформите и стратегиите на општата ЛГБТ заедница , подготвена од европските институции.

Тоа е потенцирано од аспект дека ИРУ го познава добро и конзервативниот и патријахален дрес код на дел од некои ромски заедници во некои региони и држави. Затоа и беше потенциран тој дел, а не разбран како што вели ЦЦД Врастири во својата петиција „хомофобичен став„ на ИРУ и мојот говор.

Уште еднаш ќе напоменам и потенцирам дека ИРУ ниту пак јас како нејзин претседател ниту како Ром имаме хомофобични ставови. Тоа го тврдам и ниту ми преставува проблем ако сум лошо разбран или презентиран Јавно да се извинам и во мое име и во име на ИРУ на целоцкупната ЛГБТ заедница вклучувајќи ја и Ромската ЛГБТ заедница.

Но искрено верувам дека сепак ова е обид на оцрнување и дискредитација како на ИРУ така и на мене лично. Тоа го поткрепувам и со фактот дека во писмото за петиција од страна на ЦЦД Врастири се напоменати и уште неколку факти кои воопшто не кореспондираат со вистината и се само паушални и невистинити и во насока на дискредитација како кон ИРУ така и кон мене лично. Напоменато е во еден дел дека: „ Покрај јавните настапи од страна на мажи кои носат високи титули како „претседател“, „комесар“ итн., Ние не гледаме учество на јавност на жени и млади Роми во оваа организација.

„ Ова е доказ дека сите овие „аргументи„ на ЦЦД Врастири се само „ниски удари„ и „дефокус„ и паушални обвинувања. ИРУ пред се е отворена и транспарентна интернационална организација. За волја на вистината и на 10-от (2016 год) и на 11 Конгрес на ИРУ (2020 година) токму во ИРУ е афирмирана политиката на поголемо застапување на жената Ромска во раководните функции во ИРУ, и еднаквост (гендер баланс) во членството и функциите во ИРУ. Во тој прилог ви ја доставувам и Брошурата на ИРУ и самите да се уверите дали на видни и битни позиции во ИРУ ја нема жената Ромка како и дали нема млади Роми на функции со свои активности.

Но ако намерата на ЦЦД Врастири и слични на нив е сосема поинаква тогаш ќе бараме и ние како ИРУ јавно извинување од страна на иницијаторите на оваа петиција и воедно ќе ги превземеме сите правни инструменти низ судските институции. „ - стои во демантот на Зоран Димов Претседателот на ИРУ

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 478 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот