Реакција на ИРУ и нејзиниот претседател Зоран Димов: „Ако Европратеникот не се чувствува Ром, тогаш не треба и да работи на проекти во интересите на Ромската заедница„

ИРУ и нејзиниот претседател Зоран Димов најостро реагира на завзементиот став на Европартеникот Ромео Франц на завземениот став дека тој е Синти, и не се чувствува Ром, како и дека и понатаму ќе ги брани интересите на Ромската заедница во Европа.

ИРУ и Димов својата реакција ја упатуваат и до неговата матична партија на Зелените, чиј член е господинот Ромео Франц.

Се поставува прашање во која насока е дадена оваа изјава од страна на г-дин Ромео Франц?

  • Дали г-дин Франц со тоа сака да ги раздели поимите Синти и Роми?
  • Дали воопшто ја познава историската поврзаност на поимите Синти и Ром?
  • Дали г-дин Франц знае дека Синти (исто така Синта или Синте) се ромски народод Средна Европа.
  • Дали знае (а веруваме дека му е познато)дека Синтите исто така биле традиционален народ кој често се селел, но денес само мал процент на Синтите живеат на таков начин.
  • Во претходните времиња, тие често живееле во предградието на заедниците. Синтите од Средна Европа зборуваат на синтискоромски јазикразличен од ромскиот јазик, под влијаније на германскиот јазик.

Е сега се поставува прашањето која е целта на раздвојување на овие две терминологии?

Ако г-дин Франц се дистанцира и вели дека не е Ром, тогаш зошто е често главен протагонист во организирање на разни состаноци, конференции и слични настани во името на Ромите?

Зошто г-дин Франц на тие состаноци и конференции сам со своите соработници ги бира имињата и организациите со префикс „Ромски„ кои ќе учествуваат а кој не.

Зошто прави проекти во името на Ромите?

Ако тој не се чувствува Ром, а сака да им помага на Ромската заедница, нели е пологично да помага на начин да асистира и со својот кредибилитет да лобира, а не да води главен збор во името на Ромите и Ромската заедница.

Има уште многу логични прашања и непознаници што е мотивот и во која насока е кажана реченицата „Не се чувствувам Ром„.

Прашање и до него, а исто и до неговата матична Партија на Зелените, за да ги преиспита мотивите и намерите на нивниот член г-дин Ромео Франц.

Разбирилива е и разочараноста и реакцијата и на другите ромски организации и индивидуално ромски активисти од оваа нотација на Ромео Франц. Разбирлива е затоа што долго време на многу конференции,, настани и слично неговата работа и активизам ја темели како активност во името и на Ромите и Ромската заедница, а од друга страна се дистанцира за неговот потекло и не му е пријатна поистоветноста со префиксот „Ром„

Факт  кој е доста дискутабилен.

„Мора да се разреши и дилемата и намерата. ИРИ, а и Ромската заедница нема да застане само на ова. Ќе продолжи да бара одоговори како и за искажаните ставови„. - се вели во реакцијата на Зоран Димов претседател на ИРУ.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 73 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот