Жељко Јовановиќ на средба со дел од Мрежата за системски решенија и Националната Ромска платформа: „ Ромите од Македонија треба да се стремат кон културна револуција и внатрешна ориентација„

Раководителот на новоформираната Ромска Фондација каде Сорос фондацијата пренамени 100 милиони евра за Ромите Жељко Јовановиќ имаше средба со дел од членовите на Мрежата за системски и трајни решенија на Ромската заедница и ведно иницијатори на Ромската национална платформа.

На таа средба беа присутни Зоран Димов, Координатор на Мрежата и на РНП, и членовите Ерол Адемов од Штип, Ахмет Јашаревски од Куманово, Шенај Османв од Штип и Рамуш Муарем од Скопје. На состанокот  во придружба на Јовановиќ беше присутен и Али Реџеп Чупи.

За време на средбата беше дискутирано за позитивните и негативните состојбите како во НВО секторот, и за политичките активности на Ромската заедница во државата и  недонесувањето на акциските планови и нивните капацитети и позиции на влијание.

За време на дискусиите Јовановиќ напомена  дека Ромите во државата треба да се фокусираат на идните стратешки цели во однос на економското, политичкото и културното разјаснување на Ромската заедница.

– Нашата цел е да се преземат решенија и да се спроведат во практика кои се во интерес на Ромската заедница. А за да се постигне тоа потребно е да се стремат кон културна револуција и внатрешна ориентација„ рече Жељко Јовановиќ

Преставниците на Мрежата и Националната Ромска платформа напоменаа дека потребно е без одложување со сите капацитети да се насочат во заедничко делување без индивидуални или групни истакнувања.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 138 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот