Како е можно Нортмунд Рудевич од Латвија да биде легален претседател на неговата ИРУ од Рига, а последниот Конгрес го направил пред 5 години?

До која крајност оди паралелната ИРУ од Латвија, Рига чиј „претседател„ е Нортмунд Рудевич, покрај тогаш нестатутарниот 9-ти Конгрес го организираа во август 2019 за време на својот музички фестивал кој традиционално го организира со средства од државата Латвија , и искристувајќи го тој момент тој самоиницијативно си викна гости за фестивалот и потоа седнаа и „организираа Конгрес„. Го избраа за претседател поканетите гости „членови на ИРУ Рига„ и си направија - нивно Претседателство!

И потоа во следниот период без запазување на статутарните одредби од вистинското ИРУ (регистрација, седиште, Статут и сл) си започнаа своја офанзивна пропаганда пред меѓународните институции преставувајќи се како „валидно ИРУ„, нанесувајќи му катастрофална деградација и штета како на ИРУ воопшто и на целиот Ромски народ.

Со тие потези, Нортмунд направи целосна забуна кај поделената меѓународната јавност. И самиот потоа увидувајќи ја конкретната и транспарентна активност на законското ИРУ, чиј претседател е Зоран Димов избран во март 2016 година на 10-от Конгрес, во периодот кој помина сакаше да издејствува „зближување со валидното ИРУ , но притоа со крајна цел да го наруши вистинскиот интегритет на ИРУ. Еден од тие сегменти беше и позицијата во Бордот на доверители во Фондацијата на ЕВЗ во берлин, каде најпрво отиде сам и се престави као „Претседател на ИРУ„ , за потоа ЕВЗ да ја дознае вистината за неговиот „лажиран ИРУ„ за потоа во меѓусебен договор биде назначен Зоран Димов за придружен член во Бордот на Доверители на ЕВЗ, и потоа во 2018 година Нортмунд да испрати повторно допис до ЕВЗ со формулација „Пу, пу не важи договорот„.

Во сиот овој период за разлика од ИРУ чиј претседател е Зоран Димов, направи пет Парламентарни сесии (Скопје 2016, Белград 2017, Пула 2018, Хелсинборг 2018 и Скопје 2019), Нортмунд „успеа„ да направи во целиот овој период од 2015 до денес само еден - Молдавија декември 2018!

Истовремено ИРУ на Зоран Димов успеа да го врати стекантиот ИРУ статус во ОН во јуни 2018 - ECOSOC и отвори свои три канцеларии во Виена, Њујорк, и Женева со свои преставници од ИРУ во ОН. Ја зацврсти соработката со ЕУ, ЕК, СЕ и други меѓународни институции. Активен е со учество во Европските институции, како во Брисел, така и во Стразбур, Виена, Женева, Берлин и други градови.
Има свој план, програм на делување и превземени огромен број на акциски планови поврзани со Ромите. Сето тоа е имплементирано со доставени документи во вид на Резолуции, Декларации и сл. документи.

Што прави Нортмунд со неговото ИРУ 2020 од Латвија? Буквално ништо! Пет години а ниту една конкретна актвност во име на Ромите!.

Погледнувајќи го неговиот сајт на ИРУ 2020, Рига Латвија, ќе се забележи дека тие воопшто ниту се активни и информациите се застарени. Членството кое е таму запишано 60% од нив ниту се активни на тоа поле, туку само „фигурираат„ уште од Август 2015! Исто од тие членови за жал не се повеќе ниту межу живите! . Многумина од нив упте во 2015 реагираа дека тие всушност ниту се дел од „тој ИРУ„ и без нивна согласност биле ставени на таа нивна листа!. - http://iru2020.org/blog/

Ромскиот активизам се прашува до кога Нортмунд Рудевич ќе манипулира со јавноста и до кога ќе игра улога на - ИРУ 2020 претседател!
Според ИРУ Статутот Конгрес на ИРУ се прави на секои 4 години, со реизбор на Претседателствотом а Нортмунд ниту по цели 5 години - уште не му текнува да направи Конгрес!
Е до тој степен дојде на Нортмунд ИРУ 2020!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 153 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот