Прилепско кафуле дискриминирало Роми на етничка основа

Хелсиншкиот комитет во извештајот за март за состојбата со човековите права објави дека Комисијата за заштита од дискриминација утврдила директна дискриминација во пристап до добра и услуги врз две лица од ромска етничка припадност од Арт Кафе Апореа од Прилеп, врз основа на боја на кожа и етничка припадност.

Тестирањето на ситуација претставува метод кој се користи во случаи на дискриминација во кои недостасуваат факти и докази и која е тешко да се докаже.

Со цел да се утврди ваква дискриминаторска практика, беше спроведено тестирање на ситуација во Арт Кафе Апореа Прилеп, преку кое се тестираше пристапот и квалитетот на услуга во кафе барот на Ромите, со поставување на компаратори – контролни тестери – односно лица кои не се Роми.

Имено, кога тестерите пристигнале пред кафе барот и согласно сценариото за тестирање се обиделе да влезат во објектот и да нарачаат пијалак, пред вратата на кафе барот биле пречекани од келнер кој не ги пуштил да влезат со образложение дека нема место. По прашањето на тестерите зошто не може да влезат во кафе барот и укажувањето дека има слободни маси на терасата на кафе барот, келнерот им рекол дека сите маси се резервирани и им повторил дека не можат да влезат.

Од друга страна, контролните тестери, лица од македонска етничка припадност, изјавија дека оствариле пристап во кафе барот, односно на влезот на кафе барот биле пречекани од келнер кој ги прашал каде сакаат да седнат, ги придружувал до посакуваната маса и веднаш после нарачувањето ја донел нивната нарачка.

Контролните тестери изјавија дека келнерот се однесувал љубезно и културно.
Ваквото ограничување на пристапот на лицата од ромска етничка припадност од страна на Арт Кафе Апореа Прилеп врз основа на нивната етничка припадност и боја на кожа претставува директна дискриминација во пристап до добра и услуги.

Препорака: Хелсиншкиот комитет го поздравува ваквото мислење на Комисијата за заштита од дискриминација, донесено во законски предвидениот рок, а врз основа на спроведено тестирање на ситуација, како метод за докажување на дискриминација. Апелираме Арт Кафе Апореа Прилеп во иднина да им овозможи непречен и еднаков пристап и квалитет на услуга на лицата од ромска етничка припадност. Дополнително, ги повикуваме сите граѓани кои се чувствуваат дискриминирани по која било основа, истото да го пријават во Хелсиншкиот комитет.

Link: https://www.mkd.mk/makedonija/kelner-ne-im-dozvolil-na-romi-da-vlezat-vo-kafule-vo-prilep-utvrdena-e-diskriminacija

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 52 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот