Според „Вечерње новости„ - Рамуш Харадинај убиваше Роми од Косово

Некогашниот лидер на ОВК Рамуш Харадинај, според пишувањето на белградските медиуми директно земал учество и убивал Роми од Косово за време на војните дејствија во таа покраина
Споре „Вечерње Новости„ Харадинај дал наредба во подрумот на хотелот „Паштрик„ во Ѓаковица , да направи привремен затвор каде Арбен Шкупи, Антон Лекај, Бесим Бестразими, Шабан Аземи. Рифат Укшинај и останати членови на ОВК илегално затвараа неалбански цивили , вршејки терор и силување.
Харадинај дал наредба за неколку затвореници да бидат однесено на брегот на реката Ереник во близина на кланицата „ Агими„ или во блиската шума и беа убиени.

На 12 јуни 1999 година во близина на фабриката „Едмин Дураку„ Шкупи, Лекај, Бестразими, Аземи. Укшинај и Хоџа Хекуран во придружба на извесеб Укај запреа свадбена поворка на неколку Роми. Реџм Бедри и Салија Шаља, Гзим Јешири, Ајфета Зекири, Бајрам Красниќи Звездан Љуљстај, Шабан Бељаља, Софија Тафа, Хасан Тафа и малолетната невеста Ганимета Тафа беа однесени и со часови беа задржани во фабриката.

Во хотелскиот подрум минаа четри дена каде ги силуваа и жените повеќе пати. Еден ден на една од жртвите се обиде да избега преку прозор, но го фатиа, му ја отсекоа главата и го фрлија во реката. Околу 2 часот наутро на 15 јуни Шкупи им рекол на Бедрија и Реџо Шаља, на Бајрам Красниќи Звездан Лусај и Гаговиќ дека по наредба на Харадинај ќе бидат стрелани . Ги врза и ги однесоа во близина на кланицата „ Агими„ и беа стрелани совен Бедрија Шања кој успеал да побегне .

Инаку Харадинај за своите злосторства, во хаг беше првостепено осуден а потоа ослободен поради недостиг на докази и беше еден од најголемите проблеми за време на судењето на Харадинај беше заплашување и ликвидирање на сведоците.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 143 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот