Писмо на ИРУ поповод - 27 јануари - Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

Пред повеќе од 17 години на 1 ноември 2005 година, генералното собрание на ОН со резолуцијата 60/7 го прогласува 27 јануари за меѓународен ден за сеќавање на холокаустот. 

На овој ден се сеќаваме на околу 6 милиони убиени евреи, над пола милион и повеќе убиени Роми, и уште 11 милиони останати луѓе, кои што беа жртви на нацистите и нивните соработници.Се сеќаваме и на нашата одговорност како луѓе и општество, ужасите од тој период да не се заборават!

Најчесто користениот термин „Холокауст“ е збор кој потекнува од античкиот грчки збор „олокаустон“ и значи „целосно изгорен“.

Обидот да се изрази со зборови цивилизацискиот крах направен од страна на тогашните политички превирања и апетити  засекогаш ќе остане предизвик.

Ова се рефлектира и во официјалното име „Ден на сеќавање на жртвите на националсоцијализмот“, воведен во 1996 година од тогашниот германски претседател Роман Херцог за потоа и од страна на ОН во 2005.

 

Кога станува збор за ХОЛОКАУСТОТ, секогаш помислуваме на одреден морничав и мрачен период од Втората светска војна, помислуваме на нацистите, помислуваме на наредбите на Хитлер, на масовното истребување на Ромите, Евреите, истребување на ЛГБТ, лица со хендикеп и политички неистомисленици. Но, многу е важно истото да не го заборавиме и да креираме свест, и знаење помеѓу нашите врсници за истото.

 

Мораме да се потсетуваме на лошите работи, безмислените, грозни и мрачни случувања во минатото, затоа што ако не ги препознаваме истите во нашите општества, тие можат да се случат повторно, сега и во иднина. Мора да делуваме во сегашноста, влечејќи лекции од минатото, за да обезбедиме сигурна иднина за сите нас како човештво!

 

Според нас како Интернационална Ромска Унија – ИРУ за подигање на свеста кај сите нас потребно е и активно вклучување во борба против антисемитизмот, дискриминацијата, нетолеранцијата и антиромското расположение.

 

 

Таа борба подразбира подготовки и организирање на разни настани, конференции, дијалози и др. подготвени во заедничка координација и соработка преку европските институции, ИРУ, НВО секторот, политичките субјекти и други организации.

 

На тој начин веруваме дека ќе ја зачувуваме во меморијата за значењето на  сеќавање на жртвите на Холокаустот, историјата и културата на Ромската заедница во еден од најтемните периоди во историјата на Ромите.

 

И на крај ИРУ по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот истакнува дека во време кога светот се соочува со војната во Украина ние се потсетуваме на една друга „војна„, предизвикана од една различна форма, а тоа е антисемитизмот.

„ Антисемитизмот ја негира вистината дека сите ние сме луѓе со еднакво, неотуѓиво и вродено човечко достоинство, дека човечкиот живот е бесценет бидејќи е уникатен и неповторлив. Наместо тоа, антисемитизмот, расизмот и нацизмот ги делеа луѓето и народите на повеќе и помалку вредни, и со тоа го отворија патот за нивна дехуманизација и уништување. Оваа „војна„ што низ вековите предизвикуваше прогони и погроми против Ромите, Евриете и другите народи  на крајот кулминираше со холокаустот

Антисемитизмот продолжи да мутира како негација на холокаустот, и дека морална обврска на нашата генерација е да го почитуваме достоинството на секој човек, да бидеме солидарни кон ранливите и обесправените и да се сеќаваме на холокаустот, за никогаш да не се повтори.

 

Let us not forget

Ma te bistra

 

Со почит

Зоран Димов

Претседател на ИРУ

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 185 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот