Документарецот „Локални Херои -Светски Таленти„ од сега достапен за сите претплатници на Македонски Телеком - Max TV и Max TV GO

Супер Продукција БТР и Македонски Телеком АД Скопје деновиве потпишаа договор за регулирање на права за прикажување на авторски дела.

Тоа подразбира дека отсега па и понатаму, сите претплатници (и физички и правни лица) кои имаат договор со Македонски Телеком и се корисници на пакетите понуди од овој оператор ќе имаат можност да го гледаат и најновот филмско остварување на СП БТР Документарниот филм „Локални Херои -Светски Таленти„.

Тоа можат да го остварат сите тие кои ја имаат опцијата Max TV и Max TV GO каде во делот со пребарување - Видеотека, и во делот филмови за одреден надомест да го одберат и документарецот „Локални Херои - Светски Таленти„.

Во документарецот ќе продефилираат многу познати личности Роми кои потекнуваат од најстарото ромско маало на Балканот - Топаана од Скопје, а всушност имаат светска слава. Ликовите и соговорниците во овој документарец се Бајрам Северџан - Др Кољо, Васка Јанковска, Есма Реџеповска Теодосиевска, Фаик Абди, Мухарем Сербезовски, Рахим Бурхан, Зоран Димов, Столе Попов, Данчо Чевревски, Емир Кустурица, Горан Бреговиќ и други.

Должината на самиот документарец е 52 минути и е во режија на Ајдин Ислами по сценарио на Зоран Димов

Трејлер од Локални Херои - Светски Таленти

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 94 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот