„Локални Херои..„ се држи на врвот по гледаност на Max TV, рамо до рамо заедно со другите познати светски филмски хитови

Документарниот филмски производ на СП БТР Продукција „Локални Херои - светски таленти„ по успешните фестивалски меѓународни настапи и освоени награди во текот на 2018 година, веднаш на стартот од 2019 година потпиша договор со Македонскиот Телеком за негово реемитување во рамките на нивната понуда на Max TV - Видеотека, каде има и други филмски остварувања од светски размери.

По склучениот договор за реализација на ова, од среднита на февруари 2019 година, стартуваше таа опција.

Веднаш на крајот од февруари 2019, од Македонски телеком пристигна информација за бројот на извршени изнајмувања и гледаноста на „Локални Херои„. Факт беше дека уште на стартот побуди интерес кај гледачите за изнајмување и гледање на овој документарен филм на СП БТР Продукција.

Тој број веднаш се двостручи и во следниот месец -Март 2019, додека во извештајот за Април евидентно е дека „Локални Херои„ се држи при врвот зедно рамо до рамо спо останатите светки филмски остварувања, што индиректно укажува дека публиката има огромен интерес за негово гледање.

Тоа преставува еден вид на сатисфакција дека сепак станува збор за еден интересен документарен филмски производ кој исто така не престанува да буди огромен интерес кај филмската публика.

Со оваа констатација се сложуваат и од Македонски телеком кои според нив се многу пријатно изненадени од тоа дека „Локални Херои„ побуди голем интерес кај нивната телевизиска публика и клиентела.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 190 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот