Овации на премиерата на „Небо –Точак –Земја„ – Тивка нарација за бурна и драматична историја на Ромите

На 31 август во Кинотека на Македонија на отворениот простор,  во летен амбиент и поради пандемијата со Ковид 19 со ограничен број на посетители (осумдесетина поканети) се одржа премиерата на документарниот филм за историјата на Ромите „Небо-Точак-Земја„ . Беа поканети дел од дипломатскиот кор, преставници од Владата и Парламентот на РС Македонија, општински преставници, културни и филмски работници како и други.

Пред премиерата му беше одедена почит со едноминутно молчење на истакнатиот ромски етнолог и истражувач проф. Др Трајко Петровски кој воедно со своите искажувања беше и дел од овој филмски проект.

По проекцијата на филмот свој говор имаше и продуцентот на овој филм Зоран Димов и дел од екипата која работеше на овој филм, како и дел од присутните високи гости. Овациите на крајот од филмот беше знак дека на присутните филмот ги „допре„ .

Впечатоците на присутните беа измешани, од една крајност на тој начин што дознаа многу интересни дотогаш непознати факти за Ромите од нивната историја, традиција, култура и воедно допрени од трагичната и тешка судбина низ разни периоди во историјата.

Еден од присутните новинари во својот впечаток и импресии напиша: „Филмот е одличен, многу 'тивко' соопштува бурна и драматична историја, прилично спокоен за гледање, а вознемирувачки со самата тематика, богат со разни битни и архивски материјали„.

Сега на ред е „Небо –Точак – Земја„ да го „освојува„ светот низ разни фестивали.

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

TV BTR NACIONAL

Momentalno Online

Имаме присутни 440 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот