Ферус Мустафов е хоспитализиран во болницата „8. Септември“ во Скопје и се бори за живот.
Ова синоќа на „Фејсбук“ го соопшти неговиот внук Ферчо Мустафов кој денеска открива нови детали за здравјето на легендарниот македонски кларинетист и саксофонист.
„Се’ беше во ред со дедо ми, се’ беше супер, си функционираше како што треба. За сите нас ова е голем шок. Тој доживеа мозочен удар и веќе три дена е во кома.
Она кое сакам да го потенцирам е дека дедо ми примаше терапија, таа му беше препишана како доживотна, но не знаеме зошто еден лекар му ја тргна.
Откако прекина со таа терапија, еве се случи ова, мозочниот удар. Неочекувано за сите нас, секако и за неговите обожаватели, бидејќи до пред некој ден го гледаа како без проблем си извршува секојдневни обврски“, напомена на крај неговит внук Ферчо Мустафов