На 1 јуни 2023 година во Кинотека на Македонија во рамките на 21-то изданије на филмскиот фестивал „Златно тракло 2023 „ премиерно же биде прикажана документарниот филм на СП БТР Продукција „Живот на крстопат„.
Низ филмската лента ќе биде прикажано секојдневието и голготата на едно 5 члено ромско семејство кој своето преживување го бара низ скопските улици со питачење. Отфрлени на маргините на општеството главните протагонисти Гани Адемов, неговата невенчана сопруга Јуксела Абдиоска како и трите нивни деца Сали (9) Озган (5) и бебето Кемал принудени се со питачење да го пминуваат своето секојдневие. Уште потрагично е што Јуксела и трите деца немаат лични документи. Ова семејство е и без кров над глава.
Во филмот ќе слушнете и за затвореските денови на Гани во Идризово осуден на 7 години затвор пради обид на грабеж на УНПРОФОР од 1 милион долари, за инцесот во семејството на Јуксела, како и за сонот на малиот Сали да биде пеач. Режисер на филмот е Зоран Димов. Сценариото е на Рамуш Муарем – Цирко и Зоран Димов. Камерата е на Исеин Бајрам, Ас. на режија Умер Неџип, а монтажата е на Владимири Овчаровски. Филмот финансиски е помогнат од Филмскиот фонд на Македонија.
Трејлер: https://www.facebook.com/cirdar.emen/videos/1283457732576475