Во Кинотека на Северна Македонија во Скопје на 1 Јуни оваа година со почеток од 19 часот ќе започне церемонијата на свечено затварање на 21-от филмски фестивал „Златно тркало 2023„. Церемонијалот ќе започен со премиера на документарниот филм на СП БТР „Живот на Крстопат„ во режија на Зоран Димов.
По премиерата е планирано доделување награди за најуспешните. Ќе се доделат три дипломи за едноминутни видеа и три за кратки видео форми за ученици деца од ОУ „Браќа Рамиз и Хамид„ од Скопје.
Исто така ќе се доделат и благодарници за институции и личности кој придонеле за реализација на овој фестивал.
Во официјалнит дел ќе се доделат и плакети за најуспешните, меѓу кои и награди за:
„Придонес кон ромската заедница„,„ Зачувување на трајни вредности„, „За Ромскиот холокауст„, „ За најдобро, сценарио„ и „најдобра режија„ како и Гранд При на фестивалот.
Оваа година Гранд При наградата му припадна на филмот „ Рејквием за Аушвиц„ од холандкиот режисер Боб Ентроп.
Инаку филмската програма на овогодишните филмови беа прикажани во Кинтека на Р.Северна Македонија. Истите филмови ќе бидат прикажани исто така и во перодот од 2 до 4 јуни оваа година во Кинотека на Р.Македонија. И оваа година филмскиот фестивал беше поддржан од Филмскиот фонд на Р.Северна Македоонија