Еден од најпознатите музеи во Франција МуЦем во Марсеј од 9-мај ке биде домакин на изложба посветена на историјата на различноста на ромското население во Европа.
Ова изложба е развиена во соработка со европскиот Институт за ромска култура и уметност ЕРИАК под наслов „Барвалипе„ што во превод значи богаство.
„Барвалипе„ е осмислена од тим на 19 луѓе Роми, Синти,Мануш, Житан, Патници, како и лица од различни не ромски заедници и профили.
Целта на изложбата е да се прикаже најраните извештаи за пристигнувањето на Ромите во Европа, нивното прогонство кое кулминирало со Холокаустот.
Овој дел на изложбата ке се занимава со улогата на стереотипните престави во културата и фоклорот, но и самиот израз на заедницата преку нивниот јазик, барањето за нивни права и друго.
Другиот дел на изложбата е посветена на рефлексијата на поимите и припадноста и нивниот индентитет.
И во првиот и во вториот дел на изложбата ке бидат изложени дела на не Роми заедно со современите дела на ромските скулптури, фотографии и сликари со цел да им се овозможи на преставниците на ова заедница да ја дадат својата визија за дветвековното присуство во Европа, афирмирајки ја својата култура.
Изложбата располага со 200 дела и документи (печатени материјали, видеа и избрани аудио снимки ) од француски и европски јавни и приватни збирки, од цела Европа.
ЕРИАК исто така ке се престави и на Канскиот филмски фестивал од 17 до 20 мај каде ке се престави со филмот« Gipsy Queen » -Ромска кралица со Алина Сербиан ромска актерка која ја толкува главната улога во филмот.
Свое излагање за првпат во историјата на Канскиот фестивал ке го има и Жељко Јованович директор на канцеларијата за ромски иницијативи -Отворено Општество.