Започна светиот месец Рамазан

Денеска за муслиманите започна месецот Рамазан, во кој верниците од исламска вероисповед низ светот постат во текот на дневните часови. Постот завршува со Бајрам.

Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалак и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.

Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.

Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.

По повод Рамазан повеќето поглавари од Исламската верска заедница упатија порака до верниците во која укажува дека со постот верникот во практика ја потврдува поврзаноста со својот Создател, ја подигнува свеста за доброто, мирот, солидарноста, грижата за човекот и ја реформира неговата личност, подготвувајќи го секогаш да биде во служба на доброто.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 316 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот