Чарли Чаплин е еден од најкреативните и влијателните ликови од ерата на немиот филм. Тој бил роден пред 135 години на 16 април 1889 година, а починал на 25 декември 1977 годин.
Контраверзноста и ласкањето биле секогаш присутни како во неговиот јавен така и во неговиот приватен живот.
Ова се дел од мислите кои ги споделува со светот:
- Немам баш многу трпение за убавите нешта кои мораат да бидат објаснети за да ги сфатиме.
- Не сум сигурен дека јавноста знае што сака. Ова е заклучок извлечен од мојата кариера.
- Ми се чини дека една од животните иронии е да правиш погрешна работа во вистинскиот момент.
- На крајот, се е една голема шега.
- Насмевката е тоник, олеснување, отстранување на болката.
- Животот би бил одличен, кога луѓето би те оставиле на мира.
- Животот е трагедија кога го гледаш од близу, но комедија кога го гледаш од далеку.
- Ништо не е трајно во овој злобен свет – дури ни невољите.
- Омразата на луѓето ќе помине, диктаторите ќе умрат и моќта која ја зеле од луѓето ќе им се врати назад. Додека луѓето умираат, слободата нема да исчезне.