По покана од Ромската редакција при МРТВ „Бијандипе„ свое гоостување имаше претседателт на РДИЦМ Зоран Димов. Тема на разговорот беа „Педагошките помошници„, проект кој го спроведува РБИЦМ неколку години наназад од кои како нејзин провајдер произлегуваа стручен кадар кој е обучен и сертифициран за помош на деца ученици од основното образование кои имаат потешкотии во совладување на училишниот материјал.
Самите педагошки помошници освен што се во координација со децата тие се во координација и со училиштата каде учат децата и воедно со нивните родители. Тие ги посетуваат децата и во нивните домови и заедно се трудат да го совладаат материјалт за кој децата имаат потешкотии за време на часовите.
Инаку Педагошките помошници поминуваат стручна обука, за потоа полагаат и се стекнуваат со дипломи со истото звање. Тие веднаш потоа можат да бидат и поконкуретни на пазарот на трудот.
Но за жал засега државата како да нема слух за оваа група, затоа што МОН неколку години наназад, отвара конкурси за обука на образовни медијатори кои за волја на вистината имаат помала епизодна улога – за разлика од Педагошките помошници кои имаат поуниверзална и посуштинска улога во пружање помош на децата ученици.
Доле на линкот може да ја проследите целата емисија д гостувањето на Зоран Димов
Video: https://u.pcloud.link/publink/show?code=5ZACRGVZc1fB6g1MyQLZj5jNZQXa79f1OFQHAtj4ru2fSwF6vPW87