Осипот на Ромските деца во образовниот систем во Р.Северна Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185 099, што претставува намалување за 0.8 % во однос на претходната учебна година.

Но кај Ромската популација во Р.С Македонија тоој број е уште поалармантни. Во основно образование постигнувањата на учениците Роми се загрижувачки ниски, докажани со меѓународните тестирања. Во 2015 година просечниот резултат од 384 поени по наука, споредено со 493 поени во земјите на ОЕЦД (OECD, 2016), укажува на тоа дека учениците на 15-годишна возраст од нашата држава заостануваат четири години зад врсниците од земјите на ОЕЦД.

Дополнителен предизвик во основното образование е недостатокот на содржини во учебниците кои би промовирале мултикултурно/интеркултурно образование. Предизвиците наведени во концепцијата за основно образование двојно ги погодува учениците Роми. Според регионалното истражување за Роми на УНДП од 2017, запишувањето на деца Роми во основно образование изнесува 78% наспрема 88% Не-Роми.

Непознат е точниот бројот на ученици Роми кои се надвор од образовниот систем. Евидентен е и голем процент на осипот односно напуштањето на образованието и нискиот степен на писменост кај децата од ромска етничка припадност. Како најчести причини за оваа состојба се наведуваат: недоволното познавање на македонскиот јазик, нискиот степен на образование на родителите и лошата социо-економска состојба на семејството.

Пример во основно образование за ученици Роми на ниво на државата

Учебна

  I

II

III

IV

V

VI

VII

VIII

IX

2016/17

1497

1332

1099

1115

941

946

840

811

747

2017/18

1361

1583

1253

1048

1037

964

861

691

696

2018/19

1441

1399

1420

1147

912

1044

785

758

596

2019/20

1574

1574

1310

1361

1064

977

819

701

644

Напомена: Податоците се од Државниот Завод за статистика на Р.С.Македонија

Според податоците во прво одделение воо последните 4 години , во просек се запишуваат околу 1468 деца, додека пак во деветто одделение се регистрирани во просек околу 670 ученици. Овие податоци покажуваат на намалување на бројот на деца од една учебна година во друга учебна година за околу 6%.

Постојат повеќе причини за ова: иселување на ромските семејства во земји од Западна Европа, недостаток на лична документација, сегрегација дури и во најраните фази на образованието а во некои делови во државата и недостаток на организиран или јавен превоз од ромските населби (што најчесто се далеку од образовните институции).

Дополнително во текот на 2020 отежнување на образовниот процес кај децата Роми предизвика реализацијата на онлајн настава. Многу деца Роми кои се дел од семејства во социјален ризик не беа во можност да следат настава поради фактот што истите немаа електронски уреди (компјутер, таблет, паметен телефон) и интернет мрежа. Според Регионалното истражување за Роми, пристап до компјутер имаат 42% Роми наспрема 72% Не-Роми.

Дел од учебниците се застарени и содржат стереотипи, предрасуди, стигматизација и во нив недостасуваат елементи на коегзистенција, почитување на различностите, интеграција, мултикултурализам, што е дополнително комплицирано со демотивирачкото законодавство за изработка и ревидирање на учебници.

Во контекст на издигање на нивото на образование во основното, кај ромската заедница исто така воедно треба и во насока на средното образоование. Без заддршка потребно е да се имплементира и одлуката во врска со квотите за запишување на средншколци Роми, т.е. дополнителни бодови. Истата забелешка е и во студирањето.

Инаку во овој контекст не би го споменал и придонесот на ромскиот политички блок и ромските лидери, затоа што нивниот капацитет и политичка моќ е еднакво на нула. Досега со ниту еден пример не покажале некое придвижување напред, особено не во областа на образованието кај Ромската заедница.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 102 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот