Денес при Филолошкиот факултет „Блаже Конески„ во Скопје, поповод за Меѓународен ден на ромскиот јазик, РДИЦМ и Мрежата за системски и трајни решенија на Ромската заедница во Р.С.Македонија потпомогнати и од Владата на Р.С.Македонија го одбележаа овој значаен ден.
По интонирање на македонската и ромската химна и прикажување на мал документарец за ромскиот јазик, свои поздравни говори имаа Агим Нухиу. Зам.мин. во МОН. Љатифа Шиковска пратеничка во Собранието на Р.С.Македонија, Деканот при филолошкиот факултет проф. Владимир Мартиновски како и координатороот на мрежата Зоран Димов.
За време на академскиот час кои го водеа м-р Даниел Петровски, м-р. Севдија Д.Абдулова и и спец предавач д-р Суми Јусуке од Јапонија.
Тие говореа како да се изнајде најдобра начин да се официјализира и да се отвори катедра по ромски јазик при филолошкиот факултет во Скопје и унапредување на Ромскиот јазик и литература„. По предавањето се отвори дискусија на овие теми.
На крајот од настанот беа доделени десет плакети на индивидуи и институции кои се потрудиа да дадат свој полн придонес во залувуввање и унапредување на ромскиот јазик. Организаторот се потруди и да има изложбен перформанс преку визуелни банери чија содржина е со историјатот за значењето на Ромскиот јазик кој ќе останат во холот до следната недела за да можат студентите од УКИМ да се запознаат подобро со Ромскиот јазик и литература.
Link-https://www.facebook.com/B1televizija/videos/383698244064180