Отворен Конкурс за доделување на 920 стипендии за ученици Роми во средните училишта во учебната 2023/2024 година

Министерството за образование и наука за учебната 2023/2024 година ќе додели 920 стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

  • Во првата категорија 270 стипендии во висина од 000денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 4.50 до 5.00 во последната учебна година;
  • Во втората категорија се доделуваат 320 стипендии во висина од 300денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.50 до 4.49 во последната учебна година;
  • Во третата категорија се доделуваат 180 стипендии во висина од 1.700 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.00 -  3.49 во последната учебна година;
  • Во четири категорија се доделуваат 150 стипендии во висина од 200денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 2.00 - 2.99 во последната учебна година.

КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

За учениците Роми од прва, втора, трета и четврта категорија стипендиите ќе се доделат согласно следните критериуми:

1) да се редовни ученици запишани во прва, втора, трета или четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија;

2) да не повторувале во претходната учебна година;

3) да не се корисници на стипендија од други институции/установи или фирми;

4) да се припадници на ромската заедница; и

5) да се државјани на Република Северна Македонија.

При селекцијата на стипендии за прва, втора, трета и четврта категорија предност имаат кандидатите кои имаат повисок општ успех од оцените. 

Учениците кои ги исполнуваат условите од Конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk, од 09.10.2023 до 23.10.2023 година.

Потребните документи за доставување се следните:

  1. Оригинал потврда дека е редовен ученик во учебната 2023/2024година;
  2. Свидетелствата за завршена претходна учебна година на образование (кандидатите од I година доставуваат свидетелство од IX одделение, кандидатите од II година доставуваат свидетелство за I година, кандидатите од III година доставуваат свидетелство за II  година, кандидатите од IV година доставуваат свидетелство за III година) - (да се прикачи оригинално Свидетелствo скенирано од двете страни на електронската апликација);
  3. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија на кандидатот (да се прикачи оригинално државјанство на електронската апликација);
  4. Трансакциска сметка на име на ученикот (да се прикачи на електронската апликација);
  5. Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија(се пополнува електронски на апликацијата со штиклирање);
  6. Изјава на кандидатот дека е припадник на ромската етничка заедница (се пополнува електронски на апликацијата со штиклирање).

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено.

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 13.11.2023 година на интернет страницата на Министерството.

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 30.11.2023 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата. Контакт: Мерита Мустафи, 078 865 068

Link: https://mon.gov.mk/content/?id=7335&fbclid=IwAR1by6uuwVqeiqFIrG-ALb5iyihL8Ct8r3i29ymSTuGhC8TsLQNI_xLLWEA

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 456 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот