Објавени се резултати од конкурсот за стипендии за студенти Роми

Сите добитници на стипендија треба да симнат, испечатат и пополнат договор во два примерока најдоцна до крајот на неделава

Министерството за образование и наука (МОН) вчера ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во земјава за студиската 2023/2024 година.

Според резултатите, условите за добивање стипендија ги исполнуваат 122 студенти, додека во конкурсот беа предвидени вкупно 135 стипендии.

Сите добитници на стипендија треба да го симнат, испечатат и пополнат во два примерока договорот и да го достават на адресата на МОН – ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000, Скопје, најдоцна до недела, 17 декември.

Резултатите може да се најдат на овој линк, додека договорите што треба да ги потпишат студентите може да се симнат од тука.

Висината на стипендиите за студентите Роми изнесува 6.000 денари месечно за девет месеци во текот на една студиска година.

Link: https://meta.mk/objaveni-se-rezultati-od-konkursot-za-stipendii-za-studenti-romi/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 334 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот