Македонци се пишале Роми за да добијат стипендија, но МОН ги разоткри

По направениот увид на апликациите на кандидатите за стипендии на студенти Роми за академската 2023/2024 година,  преку директен контакт за обезбедување на редовноста на студентот и валидација на изјавата за етничка припадност до јавните и приватните универзитети, констатирано е дека од вкупниот број на апликати (149), осуммина од кандидатите потпишале изјава дека се припадници на ромската етничка заедница, додека при упис на високообразовна установа се запишани како редовни студенти, но се декларирани како припадници на други етнички заедници, велат од МОН. Министерството за образование и наука, доделува стипендии за студенти Роми кои се воедно и јавна политика и истите се дефинирани во Законот за студентски стандард од академската 2015/2016 година.

Средствата за стипендиите за студенти Роми се целосно обезбедени од посебна буџетска програма на МОН, наменета за поддршка на образованието на Роми и целта на истите е да се доделуваат исклучиво на припадници на ромската етничка заедница.

Благодарение на оваа јавна политика, бројот на студентите Роми во изминатите 11 години се зголемува значително, а за тоа говори фактот што во текот на академската 2015/2016 година беше објавен Конкурс за доделување на 30 стипендии, а оваа академска 2023/2024 година МОН објави Конкурс за доделување на 135 стипендии за студенти Роми.

Сите студенти Роми кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа стипендија, редовно се исплаќани и во моментот ја очекуваат исплатата на стипендијата за месец мај 2024 година.

Link: https://www.slobodenpecat.mk/makedonci-se-pishale-romi-za-da-dobijat-stipendija-no-mon-gi-razotkri/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 442 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот