РДС реагира: „Самка сака да ги „воспита„ неговите противници од ромските НВО„

Во последниот период кој помина една од актуелните теми меѓу Ромите беше и обвинувањата од страна актуелниот пратеник од ПЦЕР Самка Ибраимовски за според него потрошени 25 милиони долари на Ромскиот НВО сектор.

Според Движењето Ромскиот Демократски сојуз -РДС, оваа анти кампања против Ромскиот НВО -од страна на Самка е еден вид на „освета„ кон неколку НВО , каде поголемиот дел се од Источна Македонија, а за кои Самка ги гледа како свои политички „противници„. Тоа нарочито беше забележливо по сменување на Аксел Ахмедовски од местото Министер без Ресор. Тогаш реакциите на поголемиот дел на Роми од Источниот регион беше голем и негатиувен кон Самка.

И сега информациите за потрошени над 25 милиони долари од Ромскиот НВО, Самка го користи како освета , со акцент кон оние НВО од источниот регион.
РДС во продолжене напоменува дали Самка размислил и дали знае колкав му е рејтингот меѓу Ромите? Дали Самка со овој начин си прави самиот себеси политички погреб на него и на ПЦЕР. Дали знае Самка каков рејтинг ужива кај својот коалиционен партенр СДСМ и Заев?

И дали Самка со овој потег ги влече за јазик ромскиот НВО и другите да се подзанимаваат со неговите сомнително барање од 1 милион евра и добиена отштета во висина од 800 илјади евра за неговиот мотел „Плави„ кој за време на конфликтот во 2001 година пријавил дека беше оштетен од воени дејствија.
Колку е реален тој момент?

Што би рекле старите, „си го бара со боринче„ . Дали Самка размислува и за моментот за евентуални Предвремени парламентарни избори со кое лице ќе се појавува на тие митинзи, и на кој начин ќе бара соработка со Ромскиот НВО сектор во реализација на важни стратешки документи кога се работи за Ромите.

Дали Самка Ибраимовски станува „заборавена буква„ во ромската политика?
Самка, Самка, бирај ум! - му препорачуваат Ромите, напоменува РДС

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 55 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот