Потпишан Протоколот за приемот на Македонија во НАТО

Во седиштето на НАТО во Брисел на 7 февруари 2019, амбасадорите на 29 земји членки на Северно-атлантската алијанса го потпишаа Протоколот за членството на Македонија во НАТО. Во наредниот период следува негова ратификација во парламентите на сите држави членки.

„Тоа беше тежок пат, исполнет со компромиси. Долго време Ве чекавме да ни се приклучите во семејството. Учествувате во мисиите на НАТО и ги исполнивте реформите потребни за да станете 30-та членка на НАТО. По потпишувањето следува процесот на ратификација и не се сомневаме дека ќе биде ратификуван во сите држави членки, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Македонија наскоро ќе биде Северна Македонија, тоа е прашање на денови. Докажавме дека можеме да ги решaваме проблемите со кои се соочуваме. Ова ќе испрати смирувачка порака во регионот во кој сѐ уште има неизвесност. Ние сме подготвени, ние сме тука, ќе ги преземеме одговорностите што следуваат со членството во НАТО. Се надевам на ефикасно спроведување на ратификацијата“, рече шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 67 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот