„Блумберг“ го видел интерното писмо на ЕУ министрите: Македонија ќе добие датум

ЕУ најверојатно ќе го одобри започнувањето на официјалните преговори за пристапување со Албанија и Северна Македонија следниот месец, сметајќи дека со тоа ќе се стабилизира проблематичниот дел од Балканот, објави денеска „Блумберг“.

„Имајќи го предвид напредокот постигнат во реформите“, на состанокот на министрите на ЕУ во Луксембург на 15 октомври ќе биде решено да стартуваат преговори за пристапување со владите во Тирана и во Скопје“, стои во интерниот нацрт-извештај што во петокот бил поделен меѓу министрите, а до кој дошол и „Блумберг“.

Иако оваа формулација може да се смени, објавува „Блумбег“, минатиот таков извештај не содржеше препорака за старт на преговори.
Сличен притисок за отворање на преговори за пристап се случи во јуни, кога земјите како Франција, Холандија, Германија и Данска се спротивставија на тоа да се почнат пристапни преговори.

Link: https://www.slobodnaevropa.mk/a/30191078.html?fbclid=IwAR2CI8AyyA5zAf7t_H_iCGvXcpYGrbBBiugGTEPJNg34JYbsGYvPdCco4tA

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 221 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот