Заменикот Народен правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа: „Доктор Менгеле во затворот за малолетници, аларм од Омбдусманот"

“По 22 часот просториите во кои се сместени штитениците се заклучуваат и за евентуална физиолошка и друга потреба тие користат ѕвоно, кое е поврзано со просторијата на дежурниот.

Меѓутоа, децата изјавија дека многу често дежурниот навреме не се одзива на повикот, поради што се принудени да уринираат во пластични шишиња кај што спијат и да ги чуваат до утредента“, рече заменикот Народен правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа.

Истовремено тие се пожалиле и дека зимно време смееле да се бањаат само еднаш неделно, а лете, иако објектот има сончеви колектори, дозволено им е двапати да се избањаат.

Во установата немаат постојан лекар, а кога се болни, обезбедувањето им ја дели терапијата препишана од лекар од Здравствениот дом во Охрид.


“Највознемирувачко при посетата беше тоа што при увидот во здравствените картони на децата, Народниот правобранител констатира дека дури на 15 деца им е препишана терапија со “дијазепам“, со дневна доза од 0,5 до 20 милиграми“, тврди Бајрамовска.
Во образложението за дозата “дијазепам“ како за животно тешко над 300 килограми, што им ја препишувале лекарите на овие деца стои:“растројство на личноста со низок праг на толеранција“, “нагла импулсивност и фрустрации“ и “низок социјален и едукативен статус“.

Link: https://sdk.mk/index.php/glasno-za-ombudsmanot/ombudsmanot-alarmira-doktor-mengele-vo-zatvorot-za-maloletnitsi/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 92 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот