МРЕЖА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА СИСТЕМСКИ И ТРАЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА РОМИТЕ

Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје; Здружение на правата на Ромите – Штип; Здружение Ромски деловен информативен центар на Македонија - ЗРДИЦМ – Скопје; Национален ромски центар - НРЦ – Куманово; Организација на жени Штип; Рома Прогрес Скопје; Ромска органзиација на жените на Македонија – Даја- Куманово; Ромска Солза Прилеп; Ромски едукативен центар Амбрела – Скопје; Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите Месечина – Гостивар; Центар за Развој на Ромската Заедница "Баирска Светлина" – Битола; Здружение за ромско-турско пријателство Ромско јато Битола,

 

Ј  А  В  Е  Н     П  О  В  И  К

 

Почитувани граѓани!

Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите ги повикува преставниците на ромската заедница, граѓаните кои се со привремен статус во странство како и  сите граѓани кои живеат во Република Северна Македонија за учество на ПОПИСОТ 2021 година.

Пописот 2021 година ќе ни даде информации и основни податоци за бројот, територијалната разместеност и структурата на населението според демографски, економски, образовни, миграциски и други белези. Со пописот исто така се прибираат и податоци за домаќинствата, живеалиштата и нивните карактеристики.

Почитувани наши сограѓани,  наша должност е да учествуваме и ги дадеме податоците, а со тоа и овозможиме непречено спроведување на ПОПИСОТ 2021.

Мрежата за застапување за системски и трајни решенија ја информира јавноста дека ќе го следи целиот процес на изведување на Пописот и за евентуалните недоследности и пречки јавно ќе се произнесе по истото.

 

Со почит

Мрежата за застапување за системски и трајни решенија

за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија

 

Скопје, 03.09.2021 година

 
Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

TV BTR NACIONAL

Momentalno Online

Имаме присутни 419 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот