Домаќин на годишниот министерски состанок, четврти по ред по усвојувањето на „Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на ЕУ“ – Познанска декларација е Република Северна Македонија. На состанокот добрите пракси од своите држави како и гледиштата за идните чекори ги истакнаа министри од Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
Министерскиот состанок со поздравни обраќања го отворија Јована Тренчевска, Министерка за труд и социјална политика, Оливер Вархеји, комесар за проширување и соседски односи од Европската комисија, Ана Лирман, државен министер за Европа и клима во Германија, Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија и Жељко Јованович, директорот на Ромската иницијатива при Фондациите Отворено општество (Open society).
„ На младите Роми треба да се залагаме да им обезбедиме целосен пристап до образование, здравство, домување, вработување и учество во зелената агенда “ истакна Вархеји.
Тој посочи дека постојат голем број на успешни проекти кои ги вклучуваат Ромите и придонесуваат кон унапредување на нивниот животен стандард, меѓутоа ја искажа и својата убеденост дека земјите во регионот можат уште повеќе.
Но Директорот на Ромската Фондација Жељко Јовановиќ пред присутните напомена дека „Уште колку вакви средби ќе има, да се повторуваат истите зборови , како во пследните дваесетина години„?